Почетна · Блог · Спуштени Плафони Цена 2026
Спуштени Плафони · Цени · 2026

Спуштени Плафони — Цена 2026

Краток одговор

Спуштени плафони 2026: рамен плафон 700–900 ден/м² труд (1.000–1.500 ден/м² со материјали), LED каскада 1.200 ден/м² труд (1.600–2.200 ден/м² со материјали). Бесплатна проценка: 078 338 208.

Колку чини спуштен плафон во Македонија 2026? Во оваа статија давам реални цени по м² за рамни плафони, LED каскади и плафони со изолација — со пример пресметка за соба 20м².

Цени за Спуштени Плафони 2026

Цените подолу се реални работни цени со Knauf/Rigips плочи и Forming DOOEL профили.

Тип на плафонТрудВкупно со материјали
Рамен спуштен плафон700–900 ден/м²1.000–1.500 ден/м²
LED каскада (едно ниво)1.200 ден/м²1.600–2.000 ден/м²
LED каскада (повеќениво)1.400–1.800 ден/м²2.000–2.500 ден/м²
Надоплата за звучна изолација+150–250 ден/м²зависи од материјал
Надоплата за топлотна изолација+200–350 ден/м²зависи од дебелина
Криволиниски форми / аркиПо договорПо договор

Забелешка: Цените за труд не ги вклучуваат LED лентите и рамките — тие се дополнителни материјали. Knauf/Rigips плочи и Forming профили можам да ги набавам јас или клиентот.

Рамен или LED Каскада Плафон?

Рамен спуштен плафон е идеален за маскирање инсталации, подобрување на изолацијата и давање чист, модерен изглед. Наједноставен и наjevтин вид.

LED каскада го трансформира просторот со директно и индиректно осветлување. Особено популарна во дневни соби, спалните и ресторани. Дизајнот на каскадата се договара пред почеток.

Во Тетово, Скопје и Гостивар работиме и двата вида — даваме предлог за дизајн врз основа на вашиот простор и буџет.

Пример: Колку чини плафон во соба 20м²?

На проценката давам фиксна понуда со точно мерење на вашата соба.

Зошто Knauf и Rigips?

Knauf и Rigips се стандард во Европа и Македонија — сертифицирани плочи со гарантирана квалитет, права форма и рамна површина. Forming DOOEL Скопје е локален производител на профили со конкурентна цена и достапност.

Често Поставувани Прашања

Колку чини спуштен плафон 2026?
Рамен плафон: 700–900 ден/м² труд, 1.000–1.500 ден/м² со материјали. LED каскада: 1.200 ден/м² труд, 1.600–2.200 ден/м² со материјали. За соба 20м²: 20.000–44.000 ден вкупно.
Колку трае монтажа на спуштен плафон?
Рамен плафон за соба 20м²: 1–2 работни дена. LED каскада: 2–4 дена. Поголеми простори и сложени форми бараат повеќе.
Дали цената вклучува материјали?
Не — стандардно цената по м² е само за труд. Давам понуда со и без материјали (Knauf/Rigips + Forming профили). На проценката го разјаснуваме тоа.
Дали работите во Тетово, Скопје и Гостивар?
Да — покриваме Тетово, Скопје и Гостивар без доплата за патување.

Прочитај повеќе: Спуштени Плафони · Гипс Картон Цена · Водич

Бесплатна Проценка — Спуштени Плафони

Доаѓаме, ја мериме просторијата и даваме фиксна понуда со и без материјали. Тетово, Скопје и Гостивар.