Б2Б Соработка · Тетово & Скопје

Вашиот доверлив партнер за молерај и гипс картон

Работиме со градежни фирми, архитекти и дизајнери. Брзо, квалитетно, без непредвидени трошоци — ваш клиент добива завршен проект на највисоко ниво.

Контактирај не 078 338 208
12+
Години искуство
1000+
Завршени проекти
5.0 ★
Google оценка

Со кого работиме

Идеален партнер за секој вид проект

Ако вашата фирма изведува реновирања, градежни работи или дизајн на ентериер — ние го завршуваме финалниот дел на највисоко ниво.

🏗️

Градежни фирми

Вашата фирма го прави конструктивниот дел — ние го завршуваме молерајот, гипс картонот и декоративните техники. Клиентот добива комплетен проект.

📐

Архитекти и дизајнери

Имате проект со конкретна визија? Ние ја реализираме — точно по вашите спецификации. Искуство со San Marco, Beton, Travertino и сите модерни техники.

🏠

Агенции за недвижности

Станови за продажба или изнајмување кои треба брзо освежување? Работиме брзо и уредно, со минимален прекин на вашиот распоред.

🏪

Продавници за материјал

Вашите клиенти бараат препорака за мајстор? Препорачете Tevdoski Art — квалитетна работа значи и задоволен клиент за вас.

Зошто Tevdoski Art

Партнер на кој можете да сметате

Вашата репутација зависи и од квалитетот на извршителите кои ги препорачувате.

Се почитуваат роковите

Договорениот рок е рок. Нема изненадувања кои го одложуваат вашиот проект.

Уреден работен простор

Мебелот се заштитува, просторот се предава чист. Без дополнителна работа за вас.

Јасна комуникација

Ценовник пред почеток, без скриени трошоци. Знаете точно со што сметате.

Луксузни декоративни техники

Sahara, San Marco, Beton, Travertino — техники кои клиентите ги бараат и ги ценат.

12+ години искуство

1000+ завршени проекти. Знаеме да работиме на секаков тип и големина на простор.

5.0 ★ на Google

20+ верификувани Google reviews. Препораките зборуваат сами за себе.

Услуги

Што изведуваме

Комплетна финализација на ентериер — од груби до завршни работи.

Молерај и фарбање

Латекс, еколошки бои, глетување, шпаклување

Декоративни техники

Sahara, Beton, Travertino, San Marco, Klondike, Luna

Гипс картон

Преградни ѕидови, спуштени плафони, каскади

LED осветлување

Скриени светла, каскади, Armstrong системи

Термо и звучна изолација

Камена волна, изолациски системи

Груби работи

Рушење, демонтажа, одвоз шут — Тетово и Скопје

Како функционира

Едноставна соработка

Без бирократија, без губење време.

1

Контактирате не

Јавете се или пишете — опишете го проектот и роковите

2

Доаѓаме на увид

Бесплатна проценка на лице место, конкретна понуда

3

Договараме рок

Реален временски план кој се почитува

4

Завршуваме квалитетно

Предаваме чист простор, клиентот е задоволен

Ајде да работиме заедно

Испратете ни детали за вашиот проект — одговараме во рок од неколку часа.

Телефон / Viber
078 338 208
Јавете се сега